Работата со надарените ученици за математика има долга традиција во нашата држава, но се чини дека истата повеќе се одвива стихијно, што е и разбирливо бидејќи ниту една институција или невладина организација досега нема изработено програми и соодветни систематизирани материјали, кои ќе ја поткрепат оваа значајна општествена дејност. Програмите и материјалите кои се наоѓаат на овој сајт беа планирани да бидат централен дел од системот на натпревари по математика, но поради одредени случувања од почетокот на 2018 година, истите се најдоа на овој сајт, чија цел е да ја подржи работата со надарените ученици за математика во нашата држава, независно од тоа кој и како го води акредитираниот систем за натпревари. Во таа насока се изработени и програми и материјали за работа со надарените ученици од второ и трето одделение, нешто на што до овој момент никој не обрнал внимание.
15.10.2024