Почитувани,
колеги, наставниц, родители. Директори
Како и секоја година, така и оваа година се одржува математичкиот натпревар КЕНГУР 2025 година. Нема да ве оптеретуваме со значењето на овој натпревар, но секако добро е да погледнете како тој се развива во многу земји, кои имаат силен развој на својата индустрија, стопанство и општество, како што се БРАЗИЛ, ГЕРМАНИЈА, и низа други. Натпревар во кој силно се развиваат единките кои учествуваат во него. Во наредниот дел изнесуваме дел од писмото кои во продолжение целосно го имате.....
До
Директорот, Активот на математичари и одделенски наставници
при _________________________________________________
Предмет: Известување за Меѓународниот математички натпревар КЕНГУР БЕЗ
ГРАНИЦИ-2025, 20.03.2025
ОРГАНИЗАЦИЈА НА НАТПРЕВАРОТ КЕНГУР 2025
Како и секоја учебна година, така и оваа учебна година се организира традиционалниот меѓународниот математички натпревар Кенгур 2025 година. Во однос на претходните години минатата и оваа година овој натпревар се одржува во ДЕЛУМНО ВИДОИЗМЕНЕТИ УСЛОВИ. Од текстот на ова писмо и наредното писмо кое ќе следува не така долго после ова писмо, ќе се заклучи за што се работи.
Натпреварот ќе се одржи на 20.03.2025 година со почеток во 11 часот, и тоа во следниве категории:
Секое училиште обавезно назначува одговорен наставник (одговорно лице од училиштето за организација на натпреварот). Пријавувањето на учениците мора да биде од одговорните наставници кои ќе учествуваат во спроведувањето на натпреварот. За ефикасно организирање на натпреварот пожелно е да се формираат локални одбори (за едно училиште, или за повеќе училишта заедно, а по можност и за еден град или регион) со одговорен наставник (одговорно лице за..... види во продолжение на дописот кој е логиран во оваа вест....
целосен допис види тука
Овој допис го сметаме за прво официјално соопштение, кое и секоја школа ќе го добие. Според тоа, од моментот кога ќе имате контакт со вашите ученици, можете одма да ги отпочнете припремите за натпреварот.
Со почит
Борд на Армаганка за натпреварот КЕНГУР 2025 година.