ГЕНЕРАЛНА АСЕМБЛЕЈА КЕНГУР БЕЗ ГРАНИЦИ 2023 година

ПОЧИТУВАНИ КОЛЕГИ

Ве известуваме дека годишниот состанок на ГЕНЕРАЛНАТА АСЕМБЛЕЈА на организацијата КЕНГУР без ГРАНИЦИ оваа година се одржува во нашата држава, односно во градот ОХРИД. Пред се сакаме да се заблагодариме на ПРЕТСЕДАТЕЛОТ на нашата држава господин Стево Пендаровски, кој покрај што го поддржа овој настан, е и ГЕНЕРАЛЕН ПОКРОВИТЕЛ на истата. Се заблагодаруваме на сите претставници на министерствата за НАДВОРЕШНИ РАБОТИ како и за ВНАТЕРЕШНИ РАБОТИ, пред се на нивните МИНИСТРИ, , кои со целокупните свои капацитети придонесоа секој учесник да присуствува на овој настан. 

Ораганизациските работи се завршени во целост, а останува само реализација на истите од текот на утрешниот ден до недела 15.10.2023 година. Сепак ова е несекојдневен настан, на кој учество земаат преку 170 претставници од многу земји од светот. Истите тие претставници се најсуптилниот дел на државите од кои доаѓаат. 

Посебна благодарност на ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА МАИКЕ АКВЕЛД, како и на целиот БОРД на оваа асоцијација: Александер, Луис, Јоана, Роберт, Орхан, Елио, Слаѓана и Анѓело. 

Секако посебна благодарност на претставниците на оваа организација од нашата држава кои вложија се од себе истата да биде успешна. 

Со почит 

Алекса Малчески, претседател на Бордот на Армаганка за Кенгур