ИНФОРМАЦИИ за Мала македонска математичка олимпијада 2022

Почитувани ученици, родители, ментори, Директори

Конечно ве информираме дека Малата македонска математичка олимпијада ќе се одржи на ден

18.06.2022 година

со почеток во 09:30 часот на Машински факултет-Скопје. Од тие причини ве повикуваме на следното:

01. За секое одделение ќе има посебен тест кој ќе биде на ранг на учениците од тоа одделение, како што веќе кажавме во претходните пораки од оваа страна. Значи, во суштина ќе имаме 5(пет) олипијади и пет листи на пласман-за секое одделение посебно. Самото име ОЛИМПИЈАДА не смее кај вас да предизвикува недоразбирање и евентуален страв, бидејќи тоа се тестови кои се со задачи како и на ФИНАЛЕН КРУГ НА КЕНГУР. 2022. Задачите се од тој тип. 

2. На Машински факултет-Скопје да бидете точно во 09:00 часот. Доколку има било каква промена, ќе бидете известени преку овој сајт. 

3. Ве замолуваме вашето учество да го потврдите на линкот 

       https://forms.gle/QKVYpMDqoFyJCy197

најкасно до 15.06.2022 година(среда). 

4. После олимпијадата, на која ќе се направи комплетно рангирање на учениците по одделенија(рангирање за секое одделение посебна листа), ќе се направи листа на учесници на една МЕЃУНАОРДНА МАТЕМАТИЧКА ОЛИМПИЈАДА- за секое одделение посебнна листа. Бројот на учесници нема да биде мал-може и да биде и поголем, така да од вашиот пласман зависи дали ќе се пласирате на овај меѓународен натпревар. На меѓународната олимпијада не се патува. Таа ќе се одржи за нашата држава на некоја локација во нашата држава-која сите ние ќе ја одредиме. Истата локација за таа олимчијада ќе се одреди во месец септември. Потоа, после натпреварот, направените резултати од децата ќе се испратат до централниот организатор на олимпијадата, кој ќе направи комплетно рангирање на сите ученици на олимпијадат, по одделенија- за секое одделение посебна листа на натпреварувачи и соодветен пласман.  

5. Има број на ученици(кој не е така голем) кои не се пронашле во списоците од ФИНАЛЕН КРУГ НА КЕНГУР 2022. Истите ги повикуваме слободно да дојдат на олимпијада, со соодветен доказ за нивното учество-доколку го имаат. После проверките направени од наша страна ќе бидат примени на овој натпревар. 

Образложение

Математичките натпревари, како и сите други можни натпревари се одржуваат непречено во нашата држава. Така и оваа олимпијада се одржува без никакви пречки. Единствен проблем е концептот на натпреварот, според кој се наградуваат 2/3 од учесниците (се разбира ако има доволно одговорено од страна на децата). Но наградите не се ефтини(барем за нас), и заради тоа мораме да имаме прецизни бројки на учесници, за да ги припремиме сите награди кои вие ќе ги добиете. 

Со почит

Бордот за МММО 2022