КЕНГУР 2021//Kangaroo sans forntieres 2021

ПОЧИТУВАНИ

Ред е да се изнесат денешните импресии од одржаниот натпревар КЕНГУР 2021 во нашата држава. Денеска, 18.03.2021 година во нашата држава се одржа меѓународниот математички натпревар КЕНГУР 2021 година. Нашите ученици, кои ги имаше од сите категории, покажаа највисоко ниво на свесност, самопрегор, силен натпреварувачки дух, преголема академска посветеност во текот на сите 75 минути од одржувањето на натпреварот КЕНГУР 2021. Сето тоа се случи пред вклучени камери за снимање, што на нас остави силна импресија(целиот натпревар е снимен). Пред нас се покажа едно друго лице на македонското образование, за кое треба да размислат сите надлежни институции во нашата држава. Тие мали дечиња оставија нов квалитет во она што се вика натпревар. Сето тоа мора да се доживее за да може да се верува во тоа, а ние само можеме да им ЧЕСТИТАМЕ и тоа бескрајно на тие деца. Во нас го повратија осетот за тоа што е натпревар, што е знаење, што е честитост. Деца од сите возрасни групи, од сите нации, од сите делови на нашата држава. Уште еднаш ЧЕСТИТО. 

Од Бордот на Кенгур