Денеска, 12.10.2020 година се одржа 42-риот математички натпревар Турнир на градови, прв круг, есенска тура. Да им се заблагодариме на учесниците на овој настан, и тоа на пет ученици во сениорска конкуренција и на двајца ученици во јуниорска конкуренција. Посебно треба да се истакни дека овие седум ученици, во најтешки услови на работа ја исполнија својата желба-учество на математичка олимпијада. Вториот дел од есенската тура е на 25.10.,2020 година. Математичките олимпијади имаат свои убавини, пред се заради нивната слобода, што посебно се истакна на овој натпревар.