ФИНАЛЕН МАТЕМАТИЧКИ КУП 2020

ПОЧИТУВАНИ ОЛИМПИЈЦИ, РОДИТЕЛИ, МЕНТОРИ, ДИРЕКТОРИ

На 30.09.2020 година во нашата земја ќе се одржи 2-от  ФИНАЛЕН МАТЕМАТИЧКИ КУП 2020 година. Структурата на натреварот целосно е сменета. Истата ќе се одржи на начин на кој се одржуваат и другите олимпијади. Секоја земја ќе биде принудена сма да ја организира, во сопствените редови, а готовите резултати од сопствената земја да ги испрати на назначена адреса. Во оваа година битно е овој натпревар да преживее, односно истиот да се одржи. Сепак сме сведоци на пандемијата КОВИД 19, која точно во овој ден има најголем број на заболени во светот, одкога е појавена како болест на овој милениум. Но како и да е, болеста е болест, животот е живот и ние мораме да продолжиме да работиме, поодговорно од кога и да е. Тоа нашите ОЛИМПИЈЦИ и го покажаа, за што ние сме им соодветно благодарни, кога зедоа учество на Медитеранската математичка олимпијада. Наскоро сите олимпијци по меил ќе бидат известени за одржувањето на истата. Почетокот на олимпијадата е во 10:00 часот а местото на одржување на истата дополнително ќе го соопштиме. 

Останатите олимпијади доживеаа силни трансформации, како што е ИРАНСКАТА ГЕОМЕТРИСКА ОЛИМПИЈАДА, ЕМК и редица други за кои ние соодветно ќе ве известиме во наредниот период.

Со почит 

Алекса Малчески