МЕЃУНАРОДЕН МАТЕМАТИЧКИ НАТПРЕВАР КЕНГУР 2020

Почитувани ученици, колеги, родители,

Ве известуваме(повторно) дека Меѓународниот натпревар Кенгур 2020  ќе се одржи на 17.09.2020. Да се надеваме дека до тој датум здравствените проблеми во нашата земја ќе се намалат, а со тоа ќе се создадат нормални услови за одржување на оваа значајна традиционална манифестација да се одржи и во нашата земја. Секако дека за истата максимално-целосно ќе се почитуваат протоколите пропишани од Министерството за образование и наука за ваша, а со тоа и наша заштита од оваа пандемија КОВИД 19. Ваквата одлука се темели на одлуките на Меѓународниот борд на Кенгур. Условите за одржување се истите како и во дописот кој беше доставен до вас претходно. За се повторно ќе ве информираме на крајот на овој месец. 

Со почит 

Борд за меѓународен натпревар Кенгур 2020