ФИНАЛЕН МАТЕМАТИЧКИ КУП-2020, прва официјална покана

ПОЧИТУВАНИ ОЛИМПИЈЦИ, ПРОФЕСОРИ, НАСТАВНИЦИ, ДИРЕКТОРИ

Во периодот од 25.09.2020 до 30.09.2020 година во нашата држава ќе се одржи Финалниот математички куп (ФМК 2020). Меѓународен матпревар од отворен карактер. Натпреварот има повеќе цели меѓу кои најважни се НАШИТЕ ДЕЦА, како децата од целиот свет да се соберат на едно место и да ги покажат своите знаења на лице место. Натпреварот не е од електронски тип(како што се прават дури и државни електронски натпревари), туку мора да се учествува директно во местото на одржување. Оваа година тоа е градот ОХРИД-древната македонска престолнина, центар на славјанското праволславие, наречен втор Ерусалим. Друга важна карактеристика е завршна етапа на повеќе натпревари кои ние ги организираме, како што се ИГО, ЕМК, АПМО. МеМО, ОФМА и други. Добро е децата да се сретнат, да се запознаат, да се натпреваруваат, и ако имаат неоправдани елминации во своите земји, кои не се така мали, од екипите кои не се така многу (ИМО, ЕГМО, БМО). Тоа може многу ефективно да го поправат, без никакви ограничувања на овој натпревар. Простор за манипулација на овој натпревар не постои, а простор за успех постои, огромен

Време за реализација големо, простор за непречено припремање големо... 

Повелете на оваа најубава манифестација во нашата земја.... УЧЕСТВОТО ЗА УЧЕНИЦИТЕ какои МИНАТАТА ГОДИНА Е БЕСПЛАТНО(натпреварот, прегледување, координација)...

Со почит 

Бордот на АРМАГАНКА за меѓународни натпревари