Секоја кариера/развој, па и вашата/иот, мора од некаде да отпочне. Природно-математичкото здружение АРМАГАНКА во овозможува одлична можност за постигнување на оваа цел во вашиот живот, а тоа да биде на најприроден начин. Нашето/вашето здружение ви овозможува можност годишно да учествувате на повеќе од 6(шест) олимпијади и да конкурирате за повеќе од 100 медаљи во текот на една година(не сметајќи го вториот круг на КЕНГУР). Секако дека тоа за одреден ученик е можност да освои една од 500 можни медаљи(за учениците од 9 одделение). За вас е потребна само една медаља, која се ќе промени во вашиот живот. За тоа вредно е да се погледнат кариерите на бројни ученици кои биле наши ученици и кои го постигнале тоа.
Од тие причини, без разлика на реакциите во вашата средина, евентуалниот отпор кон овој вид на натпревари, ве покануваме на најдобрата медитераска олимпијада МеМО 2020 (Mediterranean mathematical olympiad 2020). Медаља и не мора да освоите, но можете да го отпочните процесот на натпревари и борба со времето кое е пред вас. Нашиот предлог е да отпочните со книгите кои ги има на овој сајт(Избрани содржини по Елелемнтарна математика и книгата Елеменетарен вовед во теорија на броеви), а потоа и останатите книги кои исто така се присутни на овој сајт. Секако дека во тоа може и пресудно да ви помогнат и бројните МАТЕМАТИЧКИ ЧЕТИВА, со крајно внимателен избор на истите.