Во текот на вчерашниот ден (10.03.2020 година) се одржа еден од најпрестижните натпревари (олимпијада во ранг на ИМО) АПМО 2020 година. Во крајно академска атмосфера, како од организаторот, и ПОСЕБНО од нашите идни колеги УЧЕНИЦИТЕ(не го обајвуваме списокот на ученици заради негативните консеквенци кои тие може да ги имаат од нашите колеги математичари од нашиот сојуз на математичари), нашата држава сигурно ќе го постигне најголемиот успех во овој наптревар воопшто. Ние само можеме да им посакаме се најубаво, а за разултатите ќе почекаме до конечното јавно објавување од страна на ОРГАНИЗАТОРОТ на овој натпревар.
Посебно би се осврнале на одржувањето на овие натпревари кај нас. На повидок е одржувањето на уште една престижна олимпијада Медитеранската математичка олимпијада 2020 година(МеМО). Учеството на настани од ваков тип секако треба да биде предизвик за секој наш ученик, воопшто. Само тоа има помин во меѓународни рамки ВООПШТО(само требаше да се снимат разговорите со нашите натпреварувачи на АПМО и да се пренесат нивните искуства). Јавно ве повикуваме да земете УЧЕСТВО на МеМО и да направите промена во вашите животи. Излезете од рамките на обичните натпревари по математика(може да ви служат само како тренинг за посериозни ваши настапи во меѓународни рамки). Од 30 можни јавни настапи, за време од 5 години 9 одделение до 4-та година средно, на овие натпревари доволно е еден медал за да го промените вашиот живот воопшто.