НОВА КНИГА-ИЗБРАНИ СОДРЖИНИ ПО ЕЛЕМЕНТАРНА МАТЕМАТИКА

Почитувани ученици, родители, колеги

Математичката надградба, и воопшто образовната надградба на учениците е секако приоритет во многу образовни системи. Волонтерите на АРМАГАНКА секако се активни и во ова подрачје на севкупната едукација. По совладувањето на содржините од редовната настава по математика (како клучен дел од вкупната едукација на учениците), математичката едукација можете ефективно да ја продолжите со совладување на содржини од овој сајт. Секако како почетен материјал се препорачуваат книгите ВОВЕД ВО ЕЛЕМЕНТАРНА ТЕОРИЈА НА БРОЕВИ и ИЗБРАНИ СОДРЖИНИ ОД ЕЛЕМЕНТАРНА МАТЕМАТИКА. Конечно оформување на вашите знаења секако можете да ги ефектуирате со посета на математичките натпревари, пред се меѓународните натпревари кои се организираат од АРМАГАНКА. Од многу обиди и многу спроведени натпревари, доволен е за вас еден успех на еден од овие натпревари. 

Со почит 

АРМАГАНКА