КЕНГУР 2020-ВАЖНА ИНФОРМАЦИЈА ОД ТЕХНИЧКИ КАРАКТЕР

ПОЧИТУВАНИ ДИРЕКТОРИ, КОЛЕГИ, УЧЕНИЦИ, РОДИТЕЛИ

Ве известувам дека престижниот МАТЕМАТИЧКИ НАТПРЕВАР КЕНГУР 2020 како што знаете, како и секоја година и оваа година се одржува во третиот четврток од месец март, со дтуги зборови ќе се одржи на 19.03.2020 година.  Според правилата за одржување на овој натпревар(член 3.1.), ве известуваме за следните промени предизвикани од разбирливи причини:

1.  Натпреварот во вашето училиште треба да започне во 11:00 часот.

2. Доколку се нарушува воспитно образованиот процес во вашата средина, натпреварот во вашето училиште може да почне во периодот од 11:00 часот до 13:15 часот во било кое време од тој временски интервал.

3. Натпреварот трае 1 час и 15 минути за сите категории, и  мора да заврши не покасно од 15:00 часот(време кога резултатите ќе се испратат на назначената адреса што ќе ви биде навремено доставена).

4. Рокот за пријавување на натпреварувачи(со список) е до 13.03.2020 година до 23:59 часот.

Сите останати упатства остануваат во важност. Ве замолувам да не се осврнувате на реакциите од колегите што се против одржување на натпреварот. Се разбира дека активистите на АРМАГАНКА не излегуваат во никој случај од законските рамки за одржување на овој натпревар. Како прилог ви доставуваме дополнително материјали кои се веќе достапни на сајтот на АРМАГАНКА. 

-писмо од МОН-д-р АРБЕР АДЕМИ-одобрение за одржување на натпреварот_види тука

-половично писмо од МОН-види тука

-покана за одржување на натпреварот_види тука

-акредитација на здружението АРМАГАНКА за натпреварот Кенгур-види тука

-регистрациона форма

-табела за КЕНГУР 2020

Со почит

Борд на АРМАГАНКА за КЕНГУР