Работата со надарените ученици за математика има долга традиција во нашата држава, но се чини дека истата повеќе се одвива стихијно, што е и разбирливо бидејќи ниту една институција или невладина организација досега нема изработено програми и соодветни систематизирани материјали, кои ќе ја поткрепат оваа значајна општествена дејност. Програмите и материјалите кои се наоѓаат на овој сајт беа планирани да бидат централен дел од системот на натпревари по математика, но поради одредени случувања од почетокот на 2018 година, а посебно во 2019 година, истите се најдоа на овој сајт, чија цел е да ја подржи работата со надарените ученици за математика во нашата држава, независно од тоа кој и како го води акредитираниот систем за натпревари. Во таа насока се изработени и програми и материјали за работа со надарените ученици од второ и трето одделение, нешто на што до овој момент никој не обрнал внимание. Се надеваме дека истите ќе имаат големо влијание во развојот на вашите деца.
Со почит
Бордо на АРМАГАНКА
АПМО
На 10.03.2020 година со почеток во 12:00 часот во просториите на Машинскиот факултет во Скопје ќе се одржи најрестижната математичка олимпијада АПМО. Пријавувањето за натпревар е до 08..03.2020 година. Улогата која ја имаат овие олимпијади, кои се од широк национален интерес, не треба посебно да се објаснува, ако се има предвид што се овие олимпијади имаат сторено за нашите ученици во минатото. По тој повод, ве покануваме да земете учество на овој натпревар, како и на сите натпревари од овој вид. Сепак тоа е можност обичните луѓе да станат дел од легендите на овие натпревари, да се запишат во меморијата на светската математика.