КЕНГУР 2020-ВАЖНА ИНФОРМАЦИЈА ОД ТЕХНИЧКИ КАРАКТЕР

ПОЧИТУВАНИ ДИРЕКТОРИ, КОЛЕГИ, УЧЕНИЦИ, РОДИТЕЛИ

Ве потсетувам дека ПРЕСТИЖНИОТ МАТЕМАТИЧКИ НАТПРЕВАР КЕНГУР 2020, како што веќе знаете, ќе се одржи на 19.03.2020 година. Ве известуваме за следниве нови моменти, кои пред се во функција на непречено одвивање на самиот натпревар:

1. Натпреварот може да почне во периодот од 11:00 часот до 13:30 часот, во зависност од наставната ангажираност во одделните училишта

2. Натпреварот мора да заврши најдоцна до 15:00 часот

3. Рокот за пријавување на натпреварувачи (со список) е до 13.03.2020 година

Сите останати упатства остануваат во важност.

Со почит

Проф. д-р Алекса Малчески