Почитувани колеги, родители, директори, граѓани на Македонија
Во рамките на своите активности, предвидени со годишниот план за одржување на олимпијади и друг вид на натпревари и активности, во амфитеатарот на МФС се одржа третата по ред олимпијада по ФИНАНСИСКА МАТЕМАТИКА и АКТУАРСТВО за учениците од средното образование. На учениците да им посакаме освојување на нови медали, со кои сите ние, а посебно нивните професори ќе се гордеат. Да напоменеме дека ова е четврта олимпијада по математика која Армаганка ја организира оваа учебна година. На првите три нашата држава освои 25 медали и тоа 5 златни, 9 сребрени и 11 бронзени. Почитувани, сите натпревари се вредни, но оние кои имаат меѓународен карактер имаат посебна тежина, бидејќи задачите не ги задаваат и за наградите не одлучуваат локалните моќници, туку тоа е работа на меѓународно жири, кое на секоја олимпијада има ниту малку лесна и едноставна задача, бидејќи на овие олимпијади учествуваат ученици од различни образовни системи, но истите се натпреваруваат под исти услови. Ова особено се однесува на олимпијадите каде учествуваат дваесет и повеќе земји, како што се ЕМК, АПМО, ИГО, МЕМО и други слични според бројот на учесниците и тежината на задачите натпревари.
Уште еднаш да им честитаме на нашите олимпијци и да им посакаме успех на сите следни меѓународни натпревари, без разлика кој е организаторот на истите. Последното е од особена важност, бидејќи само образовани и разумни поединци и групи се креатори на промените во светот кон подобро утре. Уште еднаш честитки на нашите олимпијци.
Од Комисијата на Армаганка за меѓународни натпревари