SEEMOUS 2019-SEEMOUS 2020

SEEMOUS 2019-SEEMOUS 2020

Почитувани колеги

На почеток на месец март во 2019 година(12.03.2019-17.03.2019) се одржа меѓународниот натпревар SEEMOUS 2019 година, за студентите од Југоисточна Европа. На истиот учество зедоа и многу други репрезентации од многу други држави од светот. Машинскиот факултет од Скопје, универзитет св. Кирил и Методи, Република Северна Македонија, учествуваше со свој тим на оваа олимпијада, кој се состоеше од 2(двајца) натпреварувачи и еден лидер. Голема БЛАГОДАРНОСТ на раководството на Машинскиот факултет за пружената поддршка за нашиот тим да учествува на овој настан. Во прекрасната атмосфера на гратчето Девин, нашата репрезентација освои еден медаљ, бронзен. Медаљата ја освои студентот СЛАВЧО ПРЕМЧЕСКИ. Голем успех на факултетот во целост. Да му честитаме на нашите натпреаварувачи за постигнатиот успех, да му честитаме на Машинскиот факултет-Скопје.

Оваа година факултетот ќе учествува на овој настан со свој тим од четворица студенти и лидер на тимот.

Со почит

Алекса Малчески