Најверојатно ова е меѓу последните писма што директно го испраќам до потенцијалните учесници на Меѓународниот математички натпревар КЕНГУР 2020. Се обраќам до вас бидејќи сум крајно зачуден од изјавите на некои колеги дека ви се испратени заканувачки писма, во кои дури и ќе бидете повикани на КРИВИЧНА ОДГОВОРНОСТ ако учествувате на натпреварот КЕНГУР. Одма да ДЕМАНТИРАМ. Смешно е да за било кој натпревар кој се одржува во време кога нема настава да се одговара кривично, па дури тоа да е и КЕНГУР. Ви прилог ви ја испраќам ОДЛУКАТА за одржување на КЕНГУР во која се е наведено и комплетно правно оправдано да натпреварот се одржи(од аспект на АРМАГАНКА и правници кои се консултирани по оваа проблематика). Во прилог ви ги испраќам и дописите од Министерот за образование и наука за состојбата со КЕНГУР, како и некои дополнителни документи. Слободно пријавете се и тестирајте ги вашите ученици. Не смеете да сте жртва на лица кои се изгубија и не знаат што прават(Сојузот на математичари има акредитација за одржување на натпревари како што се општински, регионален и државен натпревар). Не ги жртвувајте вашите ученици. Да напоменам дека се прават напори натпреварот да добие меѓународна аконотација и нашите најдобри ученици, без исклучок најдобри, да ги претставиме пред светот така како што треба. Секако дека ќе успееме.