Одговор на СММ за КЕНГУР 2020

Почитувани директори, колеги, ученици и граѓани на нашата држава

Некој ќе каже дека не е во ред да се пишуваат вакви писма поврзани со јавното известување на некои наши “колеги” од Природно-математичкиот факултет, но кога известувањата се полни со лага, злоба и невистини, писмата во најмала рака се оправдани. Не би сакал премногу да ве заморувам, па затоа ќе се обидам да бидам краток и најсуштински да ве известам за настанатата ситуација во подолг временски период.

1. Марковски, треба да знае дека не е во ред да се приговара за натпревар кој воопшто не е во ингеренции на СММ, а посебно да се приговара и да се забранува натпревар во кој тој и неговите пајташи ништо не сте инвестирале, вложувале (мислам на оваа година, а и воопшто во последните 15 години). Притоа сакам да напоменам дека Кенгур е меѓународен натпревар за кој што постои акредитација од меѓународна асоцијација и која ви ја доставувам на увид, од што ќе видите дека Маркоски едноставно речено манипулира и лаже. Акредитациите со кои Маркоски лажно се претставувате пред вас и надвор од нашата држава се само за интерните натпревари, кои се сведуваат на одржување на Општински, Регионален и Државен натпревар. Доказ за ова се и оригиналните решенија кои ви ги испраќам на увид и од кои може да види дека во ниту една од дадените акредитации не е споменат натпреварот Кенгур, ниту пак било кој друг меѓународен натпревар. МОН не издава акредитации за меѓународни натпревари, бидејќи на тоа и нема право. Имено, не може МОН да издава акредитација за натпревар кој негде некаде во светот го формирал, бидејќи тоа е небулозно и тврдењата на Маркоски во најмала рака се смешни и глупави. Овде да напоменам дека МОН професионално работи во рамките на законите, за што треба да им се заблагодариме сите.

2. Што се однесува до натпреварото Кенгур, знаејќи дека Марковски како пред домашната, така и пред меѓународната јавност манипулира и лаже дека има акредитација од МОН за истиот, природно-математичкото здружение Армаганка се обрати до МОН со четири прецизни прашања, на кои добивме четири прецизни одговори во врска не само со Кенгур, туку и за сите меѓународни натревари на кои децата од нашата држава учествуваат. За голема жал на Маркоски и неговите пајташи, одговорите на МОН јасно го демаскираат Маркоски како лице кое со лаги и манипулации за себе и своите пријатели сака да обезбеди повластена позиција во македонскиот образоване систем, т.е. да обезбеди монопол, што е својствено на луѓе без тронка страм и морал. Во прилог на ова писмо ви го испраќам писмото во кое се содржани споменатите прашања и писмото со одговорите на МОН на споменатите прашања. Овде уште само ќе додадам дека Маркоски лаже кога се повикува на некој член 22 од правилниците за натпревари при СММ и дека согласно тој член тој и неговите пајташи треба да го оргаnизираат овој натпревар. Но, ова не е моја работа, туку е работа на МОН кој го има оригиналните правилници и каде може да се обратите за копија на истите. Меѓутоа за жал на Маркоски и неговите пајташи на лагата и се кратки нозете, па тој се заплеткал во своите лаги и правилниците ги има на сајтот на СММ, и тоа на линковите

https://smm.org.mk/natprevari/natprevari-za-osnovno-obrazovanie/

https://smm.org.mk/natprevari/natprevari-za-osnovno-obrazovanie/

од каде може да се види дека таков член не постои и дека Маркоски е бескурпулозен лажов.

3. Вториот круг на натпреварот Кенгур се одржува во многу земји и тоа со дозвола одлука на асамблеата на Кенгур. Оттука е депласирано пишувањето на Маркоски за работи во кои никогаш не учествувал и неговиот обид да суди за се и сешто, а особено за работи кои ниту ги разбира, а се чини и нема капацитет да ги разбере , личи на ефтино политиканство, кое за жал е присутно во нашето секојдневие.

4. Натпреварот Кенгур се одржува во цел свет (преку 86 земји) и не гледаме зошто да не може да се спроведе на 19.03.2020 година. Имено, како е можно само до пред една година терминот за одржување на натпреварот да не му смета на Маркоски, а сега наеднаш тој и неговите пајташи се загрижени за образовниот процес, за кој патем речено не беа загрижени кога се воведуваат небулозните програми по математика и кога истата таа господа учествуваше во изработката на потпросечните учебници и збирки по математика, кои и тоа како придонесоа за уништување на образовниот процес. Патем речено, колку што јас се сеќавам последниве 15 години овој натпревар се одржува токму во исто веме во еден од деновите од 19-23.03 и никој на ова немал никогаш приговор.

5. Што се однесува до финансиските средства од Кенгур, тврдам дека истите се користат целосно во функција на овој натпревар, барем во периодот од 2012 до 2019 година. Тоа лесно се гледа и од соодветните фактури поврзани со средствата од натпреварот. Тоа е она што го боли Маркоски и неговите пајташи, а особено неговиот политички и општествен наредбодавец, која добро знае дека нема злоупотреба на финансиите поврзани со натпреварот Кенгур и која добро знае дека средствата од овој натпревар, заради начинот на распределба, кои остануваат во главниот организатор се далеку помали од она што Маркоски и манипулаторите околу него го пласираат во јавносота.

Почитувани, штетите кои Маркоски, неговите наредбодавци и пајташи ги нанесуваат на образовниот систем и научната работа во нашата држава се многукратни, од кои ќе споменам неколку најважни:

а) Изгубена е во два наврати/ати организацијата на најпрестижната конференција по математичка анализа ИСАК, која е од светки карактер(преку 800 а не повеќе од 1200 најелитни луѓе-математичари кои се ортодоксни научници во своите области). Општествената менторка на Маркоски, кон која истиот има невиден поданички однос, заедно со еден нејзини пријател од нам соседна држава со своите манипулации придонесоа веќе договорената конференција за 2019 година да не се одржи во Охрид. Говорам, веќе договорената конференција, бидејќи начелните договори за оваа конференција на која најчесто учествуваат десетина носители на ФИЛДСОВ медал (ранг на Нобелова награда за математика) беа направени со проф. Луиџи Родино (тогашен претседател на ИСАК). Меѓутоа, општествениот ментор на Маркоски, чие име не би сакал ниту да го споменам испрати личен документ до бордот на ИСАК во која оваа госпоѓа со манипулации од типот НАШАТА ДРЖАВА, НАШАТА ОРГАНИЗАЦИЈА и слично, внесе целосна конфузија во бордот на ИСАК, кој одлучи конференцијата за 2019 година да се одржи во Лисабон, Португалија. Овде само уште ќе кажам дека истата оваа група општествени манипуилатори и лажови оваа година конкурираше за организација на истата конференција, со бомбастична најава дека се замолени да ја организираат конференцијата, па така убедуваа и некои колеги кои во минатото не обрнуваа на нивните манипулаии и им помогнаа во организација на некои настани, т.е. тие ги организираа. Меѓутоа, за воља на вистината при гласањето добија еден или ниту еден глас, што е срамно, се разбира доколку овие луѓе знаат што е тоа срам.

б) Маркоски и неговите пајташи пред светот лажно се претставуваат дека тие од МОН се акредитирани за меѓународни натпревари. Почитувани, ве замолувам добро да го проучите документот потпишан од министерот Арбер Адеми, од каде ќе видите дека Маркоски и неговата менторка, да не кажам газдарица, едноставно речено лажат. Последица на нивните лаги е загубената организација на натпреварот ЕГМО во 2024, при што мафтаат со акредитации во кои никаде не се споменуваат меѓународни натпревари и пишуваат селективни писма пред светот, во кои едноставно речено бесрамно лажат. Овде ќе кажам дека организацијата на ЕГМО сама по себе мене лично не ми е потребна, меѓутоа истата во нашата држава по сите основи ќе донесеше околу 500 учесници, кои безмалку се дел од сегашната и идната научна елита на Европа, а и на светот. Колкава е загубата и чија е одговорноста, проценете сами, а јас само ќе додадам дека сето ова е пред се заради тоталната неспособност и некомпетентност на Маркоски, неговите газди и пајташи, кои и во минатото направиле ненадомествливи штети на математичката заедница.

в) Заради лагите на Маркоски, со кои се обидува да создаде конфузија и хаос одложена е организацијата на митингот на асамблејата на Кенгур во нашата држава, кој се одржува секоја година, а кај нас требаше да се одржи во октомври 2023 година. Само да напоменам дека на оваа средба учествуваат над 300 математичари од цел свет, настан кој сам по себе е престижен и кој токму заради Маркоски и неговата газдарица, т.е. заради небулозните писма кои ги пишуваат по светот нема да се одржи во нашата држава најмалку следниве дваесетина години, време кога ниту Маркоски, ниту неговите газди ќе бидат актуелни во математичката заедница во нашата држава.

г) Како врв на неспособноста и некомпететнтноста на Маркоски и неговата нередбодавка (газдарица) СММ ја откажа организацијата на ЈБМО2020 и тоа само пред неполн месец. Што ова значи не треба да споменувам, но морам да кажам дека овие бесрамни луѓе и во минатото имале минорна улога во организциите на конгресите, балканските и студентските олимпијади во нашата држава. Овде само ќе ги потсетам дека БМО2008 и конгресот на МАССЕЕ во 2009 година, на кои можда ќе се повикаат дека наводно тие ги организирале, во позадина беа организирани од луѓе кои едноствно сега не сакаат со Маркоски и неговата газдарица да имаат никаков допир и тоа токму заради нивната неспособност, некомпетент­ност, манипулации и лагите кои ги пласираат во јавност.

д) Маркоски и неговата газдарица треба да објаснат зошто само по шест месеци од бруталното превземање на СММ има драстично намалување на бројот на натпреварувачи во општинските натпревари во нашата земја. Како е можно, за само неколку месеци бројката да се преполови и за тоа да не се чувствува никаква одговорност од страна на Маркоски и неговите соучесници. Зарем превземањето на СММ беше со цел тој и неговиот гласноговорник во текот на неколкугодишната негативна кампања против луѓето кои работеа, да ги згрижат своите сопруги и пријатели во телата на СММ, дел од кои заради работните места на кои се наоѓаат никако не смеат да бидат во комисиите при СММ, бидејќи има конфликт на интереси. Нема да ги прашам дали не им е СРАМ, бидејќи овие луѓе НЕ ЗНААТ ШТО Е СРАМ и што е тоа квалитет, за што доволно говорат последните броеви на списанијата НУМЕРУС и СИГМА, кои едноставно речено се осакатени, нешто што беше направено и пред јас да дојдам за претседател на СММ и тоа токму заради делувањето на газдарицата на Маркоски. Но, кога сме кај срамот и моралот, на мислење сум дека МОН треба сериозно да се позанимава со дејствувањето на Маркоски и неговите пајташи, кои едноставно речено ги водат акредитираните натпревари, а пред почетокот на самите натпревари организираат школа за учениците од основното и средното образование, од која дебело финансиски се офајдија, а некои од нив имаат и приватни школи за надарени ученици и истовремено седат во телата на СММ и носат одлуки за награди и слично. Ако ова не е пример на конфликт на интереси, а можда и корупција, тогаш не знам како поинаку може да се именува.

На крајот ќе напоменам само дека црната кампања на Маркоски против мене и против здружението АРМАГАНКА, а која е насочена се со цел овие неспособни луѓе за себе и своите пајташи да обезбедат монопол и тоа на штета на луѓето, кои токму преку АРМАГАНКА се автори на преку дваесетина книги за надарени ученици за математика кога тогаш ќе заврши, монополот нема да го имаат, но штетите кои овие неморални луѓе ги прават ќе имаат далекусежни последици.

Со почит

Алекса Малчески

Прилози

1.Правилник за натпревари во основно образование

2.Правилник за натпревари во средно образование

3.Одговор на министерот д-р Арбер Адеми 

4.Акредитација за меѓународни натпревари-Луцерн 

5.Барање од Армаганка за допис

6.Допис од МОН за регуларност на натпреварите-нецелосен

7.Акредитација за натпреари во основно образование

8.Акредитација за натпревари во средно образование

9.Board_AKSF_minutes_Bled

10. ФОН_универзитет-гаранција за ЕГМО 2024

11. Награди преку АМС-официјален документ

Доколку некој допис недостасува дополнително ќе биде поставен.