НАТПРЕВАР АПМО 2020 година

ПОЧИТУВАНИ

Ученици, професори, родители

Ве известуваме дека меѓународната олимпијада АПМО 2020 година ќе се организира на 10.03.2020 година во проториите на факултетот МФС(Машински факултет-Скопје). Почетокот на натпреварот дополнително ќе ви го соопштиме. Постојат различни организации кои се организатори и учесници на математички олимпијади. Активистите на АРМАГАНКА одлучија да организираат олимпијади кои се меѓународни како што се ЕМК, ИГО, МемО, АПМО, ОФМА, SEEMOUS  и други. Бројот на вакви олимпијади не е мал, како и што може да се види. Основната цел е што повеќе ученици да бидат опфатени со вакви натпревари. Неуспехот на една олимпијада не значи неуспех на ученикот, туку значи искуство повеќе. Една освоена медаља за вас е голем успех. Заради тоа, ве покануваме на овој настан во што поголем број и пробајте ја среќата на денот. Сепак АПМО е втора олимпијада во светот, како според бројот на учесници, земји коминтенти, така и според тежината на задачите на истата. ПОВЕЛЕТЕ. 

Со почит

Борд на АРМАГАНКА за меќународни натпревари