SEEMOUS-2020, ИЗБОРЕН НАТПРЕВАР

ПОЧИТУВАНИ СТУДЕНТИ

Ве известувам дека на ден 03.02.2020 година во просториите на Машинскиот факултет-Скопје, со почеток во 12:00 часот ќе се одржи изборен натпревар за учество на меѓународниот студентски натпревар SEEMOUS 2020 година. Истиот ќе се одржи во почетокот на месец март, 2020 година, поточно од 03.03.2020-08.03.2020 година во градот СОЛУН(Thessaloniki). По тој повод ве поканувам на изборен натпревар за да избереме најдобра екипа која ќе не претставува на ова престижно меѓународно студентско математичко натпреварување. 

Со почит 

Бордот на Армаганка за меѓународни натпревари