Почитувани
Како и секоја година, така и оваа година ќе се одржи МЕЃУНАРОДНИОТ НАТПРЕВАР Кенгур 2026 гоина. Во овој уводен дел да кажеме дека бројот на земји кои се приклучија на оваа манифестација е значително зголемен,(има преку 120 земји кои се членови на оваа организација). Битно е да се каже дека голем број на земји презедоа низа на активности, кои силно придонесуваат за развој на овој натпревар(на некоја трибина пошироко ќе се произнесеме што се се случува со овој настан). Во прилог е дел од дописот кој го има во аттачмент на овој допис.....
До
Директорот, Активот на математичари и одделенски наставници
при _________________________________________________
Предмет: Известување за Меѓународниот математички натпревар КЕНГУР БЕЗ ГРАНИЦИ-2026, 19.03.2026,
ОРГАНИЗАЦИЈА НА НАТПРЕВАРОТ КЕНГУР 2026
Како и секоја учебна година, така и оваа учебна година се организира традиционалниот меѓународниот математички натпревар Кенгур 2026 година. Во однос на претходните години минатата и оваа година овој натпревар се одржува во ДЕЛУМНО ВИДОИЗМЕНЕТИ УСЛОВИ. Од текстот на ова писмо и наредното писмо кое ќе следува не така долго после ова писмо, ќе се заклучи за што се работи.
Натпреварот ќе се одржи на 19.03.2026 година со почеток во 11 часот, и тоа во следниве категории:
Секое училиште обавезно назначува одговорен наставник (одговорно лице од училиштето за организација на натпреварот). Пријавувањето на учениците мора да биде од одговорните наставници кои ќе учествуваат во спроведувањето на натпреварот. За ефикасно организирање на натпреварот пожелно е да се формираат локални одбори (за едно училиште, или за повеќе училишта заедно, а по можност и за еден град или регион) со одговорен наставник (одговорно лице за организација на натпреварот) за контакт.
За пријавување на натпреварот, секој учесник треба да уплати по 220,00 денари, минимални средства за покривање на трошоците за организација на натпреварот. Минимален број на учесници во една пријава е 10. Дел од уплатените средства(средства кои вие си гизадржувате за да што поуспешно го организирате овој настан) останува за организција на натпреварот на локално ниво, и тоа: .......
ПИСМО ПОКАНА Види ТУКА
Борд за Кенгур 2026 година
при ПМЗ Армаганка
5.12.2025
