ПОЧИТУВАНИ

ученици, родители, наставници, Директори

Направивте ИМПОЗНАТЕН НАСТАН, на кој секој жител од нашата држава треба да се гордее, без исклучок. Ова е ваш настан, а ние сме само модератори, инцијатори истиот да се одржи. Овде одма да кажеме дека на овој настан, кој се вика ВТОР КРУГ НА КЕНГУР 2025 година, учество зедоа ИМПОЗАНТЕН БРОЈ НА УЧЕСНИЦИ, скоро 

1400 

деца од нашата држава. На овој настан вие се пријавивте САМИ, никој на тоа не влијаеше. Со тоа покажавте дека Македонија е силна, Македонија е храбра. Мора да се земе во предвид начинот на кој тие млади математичари се однесуваа на овој настан. Ги надминаа сите наши очекувања, во целост.

Овде мора дефинитино да се пофалат ланските организатори на овој настан, кои беа организатори и оваа година. Тоа се училиштата/универзитетот

ТОШО АРСОВ-Штип                                      организатор/претставник проф. Катерина Арсова

БРАТСТВО МИЃЕНИ-Тетово                         организатор/претставник проф. Марија Петроска Гроздановски

ГОЦЕ ДЕЛЕЧЕВ-Гостивар                              организатор/претставник проф. Александра Наумческа

МАШИНСКИ ФАКУЛТЕТ-Скопје. 

Директоритет обезбедија перфектни услови овој настан вие да го реализирате-за што ние сме им благодарни. За тоа ќе бидат и пофалени од наша страна. Секако дека обезбедија одлични-перфектни услови за да сето ова се случи. 

Резултати по одделенија за основно образование:

1-во одделение види here

2-ро одделение види here

3-то одделение види here

4-тоо одделение види here

5-то одделение види here

6-то одделение види here

7-мо одделение види here

8-мо одделение види here

9-то одделение види here

 

Натпреварот се одржа на 01.06.2025 година, а резултатите се на 16.06.2025 година. Тоа се должи игра на случајот-имаше празници и начинот на работа на соодветните институции во нашата држава(последниот пакет со резултати го добивме на 13.06.2025 година). Но кривец секако не може да има, бидејќи сите процедури беа запазени.  

Овој настан покажа дека нашата држава има сила за да направи многу други работи. Но нашите надлежности завршуваат со одржувањето на ваквите настани. Останува државата да стапи на сцена и да ги прифати овие перфектни деца(сите деца-кои се први и кои се последни). Тоа е иднината на нашата држава(повелете на мојот прв час на предавања на Машински факултет и во тоа ќе се уверите). 

Со почит

Борд на Кенгур 2025година

претставник

проф. д-р Алекса Малчески