КЕНГУР 2024

ПОЧИТУВАНИ

Пред вас е значаен ден од оваа учебна година. Денеска во голем број на училишта во светот ќе се одржи меѓународниот натпревар КЕНГУР 2024 година. Овој ден е значаен за вас, затоа што тоа е ден кога во целиот свет се натпреваруваат повеќе од 7 милиони ваши врсници, деца. од 108 замји во светот. Од денеска до 21.04.2023 година многу ваши врсници ќе се натпреваруваат на тестовите кои денеска ќе ви се достават за натпревар и се единствени во светот. Тоа е тест на МАТЕМАТИЧКА ЛОГИКА и нејзини примени, како во математиката така и во редица други дисциплини. Од тие причини ве предупредуваме тестовите да ги оставите во вашите училишта со напишано име и презиме на нив. На 21.04.2024 година можете да ги подигнете од вашите наставници. Дополнително да напоменеме дека секое јавно објавување на тестовите подлежи на сериозни санкции од меѓународниот БОРД на КЕНГУР. 

На сите учесници им посакуваме пријатна работа, убави резултати како на тестирањето така и во другите области на вашето образование. Нека е овој ден успешен и среќен за сите вас.

Борд на Кенгур за МАКЕДОНИЈА