На ден 14.12.2019 година на факултетите ФЕИТ и МФС се одржаа две олимпијади во нашата земја. И двете беа престижни настани кои се случија во нашата земја.
Натпреварот ЕМК се одржа последователно по 8-ми пат. Нашата земја, како една од земјите кои меѓу првите три се приклучи на ова натпреварување, достојно се репрезентира на истиот. Но, како и да е, бројот на талентирани ученици од нашата земја е многу поглолем. Се надеваме дека наредната година, на истиот учество ќе земат поглем број на натпреварувачи, а не само 23. За истото, согласно нашите настојувања, на овој сајт ќе најдат доволна дополнителна литература за да за истиот навремено се припремат. Повелете.
Во исто време се одржа и олимпијадата за финансиска математика и актуарство. Со 8 учесници, во прекрасна атмосфера нашата земја зеде учество на овој настан. АРМАГАНКА им благодари на сите учесници и на двата настани.
Сепак на крај мораме да ја поминеме сложената процедура на процесирање на резултатите и од двата настани, односно уточнување како на точниот број на поени, така и на соодветните места кои ние ќе ги заземеме.