На ден 06.05.2023 година по втор пат се одржа 2-от државен натпревар за учениците од 1-5 одделение, кој за сите ученици(вклучувајќи ги оние од прво до 5 одделение) е ФИНАЛЕН КРУГ НА МЕЃУНАРОДНИОТ НАТПРЕВАР КЕНГУР. Изборот на задачи беше од меѓународен карактер, што на овој натпревар му дава посебен белег, и кој има третман на меѓународен натпревар. Се разбира дека тука носечка е математичката логика, како окосница на истиот.
Пред се највредно е да се каже дека без разлика на националната припадност, деца од сите националности во оваа земја, како еден го спроведоа сите активности кои од нив се побараа. Овде исто така вредно е да се подвлече дека ПРОВЕЈУВА ДУХОТ НА МИНАТОГОДИШНИОТ НАТПРЕВАР КЕНГУР-пред се кај учениците. Дисциплинирани, вредни, сампрегорни, со силен натпреварувачки дух просто се внесоа во натпреварот. Ако се каже дека од моментот на поделување на тестовите, за неколку минути настана чист молк, кој траеше скоро час и половина. Едноставно, големо благодарам на најмладите ученици од нашата земја.
Овде вредно е да се искаже ГОЛЕМА БЛАГОДАРНОСТ до сите домаќини, пред се ДЕКАНИТЕ и ДИРЕКТОРИТЕ, кои целосно се вложија во организацијата на овој настан, со целосен НИВНИ АНГАЖМАН. Се надеваме и натаму да ја продолжиме соработката со сите институции во нашата земја е пред се со институциите кои застанаа зад настанот ФИНАЛЕН КРУГ НА КЕНГУР 2023 година: