ДЕН на ДИФЕРЕНЦИЈАЛНИТЕ РАВЕНКИ

Почитувани колеги

На ден 05.05.2023 година се одржа традиционалниот ден на диференцијаните равенки. На настанот се презентираа бројни трудови од колеги како од Универзитетот Гоце Делчев, Штип, така и трудови од колеги од Универзитетот св.Кирил и Методи, Скопје. Пред се вредните колеги од универзитетот од Штип, пружија максимални услови за да на овој ден оваа манифестација се одржи, за што македонската заедница треба да им се заблагодари. Беше задоволство да се проследат бројните пред се квалитетни трудови на колегите, со кои дефинитивно се покажа дека оваа област во нашата држава интензивно е развиена и се уште се развива. Секако дека е добро е на оваа манифестација во иднина да се поканат и колеги од други држава, на кои им е област Диференцијани равенки и примена, и таа да стане традиционален белег на нашето поднебје и пошироко. 

Со почит

Борд на Армаганка