ФИНАЛЕН КРУГ КЕНГУР 2023 година-ДОПОЛНЕТА ВЕСТ

ФИНАЛЕН КРУГ КЕНГУР 2023 година

Како што вече кажавме и оваа година како и претходните години ќе се одржи ФИНАЛЕН КРУГ КЕНГУР 2023 година. Точниот датум за одржување на истиот е 

06.05.2023 година

При тоа

1. Право на учество на ФИНАЛНИОТ КРУГ НА КЕНГУР 2023 година имаат СИТЕ УЧЕСНИЦИ на ПРВИОТ КРУГ НА КЕНГУР што се одржа на 23.03.2023 година. 

2. ФИНАЛНИОТ КРУГ НА КЕНГУР за улениците од прво до пето одделение е во исто време и 

ДРЖАВЕН НАТПРЕВАР. 2023 година

Тоа е втор државен натпревар(првиот се одржа минатата година). 

3. Пријавувањето на учениците за ФИНАЛЕН КРУГ НА КЕНГУР се одвива на истиот начин како и пријавувањето за првиот круг на кенгур. и тоа: 

а) со директно пријавување на учениците преку on-line платформата која наскоро ќе биде достапна на оваа страна

б)со пријавување на учениците од страна на ОДГОВОРНИТЕ НАСТАВНИЦИ-со листа на учесници(исто како и во првиот круг на кенгур 2023 година што се одржа на 23.03.2023 година). Секоја школа сама ја прави листата на учесници. 

4. Право на учество(за учениците од прво до петто одделение) на МММО (Мала македонска математичка олимпијада 2023 година) имаат само учениците кои биле учесници на ВТОРИОТ КРУГ НА КЕНГУР. . 

пријава за ФИНАЛЕН КРУГ НА КЕНГУР 2023 година       види ТУКА

5. Краен рок за доставување пријави за учество на ФИНАЛЕН КРУГ за КЕНГУР 2023 година е 01.05.2023 година до 23:00 часот

Со почит

Борд за КЕНГУР 2023 година

ДОПОЛНЕНИЕ НА ВЕСТА

Дополнетата вест важи за учениците од второ одделение до четврта година средно образование. На Финалниот круг на КЕНГУР 2023 година, право на учество, БЕЗ ПЛАЌАЊЕ НА НАДОМЕСТ за учество на истиот имаат сите ученици кои во своето одделение се наоѓаат од прво до четврто место. Ако во некое одделение има ученици кои се на 5,6,7,.... место а имаат ист број на поени со оној ученик кој е на четврто место и тие имаат право на учество без да плаќаат надомест за истиот. 

Со почит

Бордот на Кенгур 2023 година