СПЕЦИЈАЛНО СООПШТЕНИЕ ЗА КЕНГУР 2023

ПОЧИТУВАНИ

Повод за нашето обраќање се редица вообичаени прашања кои по во комуникација со нас ги поставувате. 

1. АКРЕДИТАЦИЈА ЗА НАТПРЕВАРОТ КЕНГУР од МАКЕДОНСКА СТРАНА НЕ СЕ ИЗДАВА(македонските институции не издаваат акредитации за меѓународни натпревари). За било кој МЕЃУНАРОДЕН НАТПРЕВАР Република С. МАКЕДОНИЈА нема ПРАВО ДА ИЗДАВА: За ваквите натпревари важат МЕЃУНАРОДНИТЕ АКРЕДИТАЦИИ. 

Во изминатиот период од ваша страна, посебно од скопските општини постојано имаме јавувања со основно прашање ДАЛИ НИЕ ИМАМЕ АКРЕДИТАЦИЈА за овој натпревар. АКРЕДИТАЦИЈА ИМАМЕ и таа ја издава центарот во ПАРИЗ. Постоечките акредитации со кои ви мавтаат пред очи, се АКРЕДИТАЦИИ за одржување на ОПШТИНСКИ, РЕГИОНАЛЕН и ДРЖАВЕН НАТПРЕВАР по било кој предмет, па и по математика. Тие организации кои ги имаат овие акредитации немаат право ниту за организирање на ОЛИМПИЈАДА, македонска а камоли да одат на било кој меѓународен натпревар. Но истите тие упорно своите термини за одржување на меѓународни натпревари ги доближуваат до ОФИЦИЈАЛНИТЕ термини на нашиот натпревар КЕНГУР, грубо кршејќи ги правилата на организациите кои ги застапуваат. Просто прават ПРЕКРШОК, кој не смее да се толерира. 

2. Натпревар КЕНГУР за 1-одделени. НЕ ГИ ОДБИВАЈТЕ ДЕЦАТА од ПРВО одделение коиНа сакаат да учествуваат на било кој натпревар, па и на натпреварот КЕНГУР. За истиот со посебен третман-некој да им ги чита задачите, дозволете им да учествуваат на КЕНГУР.

Најмалите деца, како што е ставот во организацијата КЕНГУР треба посебно да се третираат и да им се помогне да земат учество во КЕНГУР. Развојот на математичката логика мора да отпочне од најмала возраст кај што поголем дел од нашата младина, па тоа и да е најмала. Тестови за КЕНГУР имате на оваа страница. 

3. Натпреварот КЕНГУР има неспорен квалитет, за разлика од многу други наптревари кои се организираат во нашата земја. Тоа е натпревар кој е организиран од преку 100 земји, кои со свои претставници на годишно собрание земаат учество во изборот на задачи. Од тие земји, нивните најдобри МЕТОДИЧАРИ(амерички, руски, француски, белоруски, германски, турски, јапонски, кинески, и низа други земји кои имаат развиени центри за методика) прават предлози за натпревар. Од преку 2500 различни предлози се одбираат во текот на повеќе од два месеци, најдобрите 168 задачи и се прават тестови за натпревар. Потоа се прават резервни проблеми(одвоени се најтешките задачи во посебни листи), предселектирани проблеми. Секој чекор на КЕНГУР е со ИЗБРАНИ ЗАДАЧАИ ОД МЕЃУНАРОДНО ПРИЗНАТИ МЕТОДИЧАРИ. Тоа не се задачи избрани од локални математичари.

4. Цената за учество на КЕНГУР е 200 денари. Тие средства треба да се уплатат на сметката

жиро сметка

200003239674086

ЕДБ

4057017538981

Банка Депонент

Стопанска Банка АД-Скопје

Природно математичко друштво

АРМАГАНКА

 

Со почит

Борд за КЕНГУР 2023 година