Драго ни е да ви соопштиме дека КОНГРЕСОТ CODEMA 2022, е конечно завршен(во најбитниот негов дел). Останува уште да се отпечати зборник, што не е така далеку и е најлесен дел од активностите. Морам од свој аспект да кажам дека поубава манифестација не сум организирал досега во мојата не така долга кариера. Со околу 70-тина учесници, со презентирани 31 труд, во една прекрасна атмосфера во ХОТЕЛСКИОТ КОМПЛЕКС МЕТРОПОЛ LAKE RESORT(прекрасни луѓе на прекрасно место)з.Од презентираните 31 труд, меѓу кои имаше и повеќе врвови од светската наука(да не ги овде набројуваме) еден дел-25 труда се отпечатија (се поставени на соодветната страна на конгресот). Овде останува, на колегите од СРБИЈА; БУГАРИЈА, БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА; МАКЕДОНИЈА, ЦРНА ГОРА, КОСОВО, ТУРЦИЈА да им заблагодариме за нивното учество, силните презентации на сите колеги и беспрекорната дружељубивост на сите учесници. Тоа беше празник на МАТЕМАТИКАТА.
Останува да се органзираме и наредниот конгрес да го направиме уште подобар, посодржаен итн.