ВТОР (Финален круг) КРУГ на КЕНГУР 2023 година

Почитувани ученици, почитувани професори, родители, директори

Како и секоја година, така и оваа година ќе се одржи втор круг на натпреварот КЕНГУР. При тоа, како и секоја година, така и оваа година има правила според кои овој натпревар се одржува. Посебно е тоа важно за учениците од прво до петто одделение.

ВТОР КРУГ ЗА КЕНГУР ЗА УЧЕНИЦИТЕ од ПРВО ДО ПЕТТО ОДДЕЛЕНИЕ

За нив ВТОРИОТ КРУГ НА КЕНГУР  е ДРЖАВЕН НАТПРЕВАР(тоа е натпревар на задачи кои се избрани од комисија која се состои од повеќе од 300 члена-ЕМИНЕНТНИ ПРОФЕСОРИ на светско ниво од преку 100 земји, а никако од ЛОКАЛНИ МАТЕМАТИЧАРИ од Македонија). Од тие причини, за овие ученици се наметнуваат малку поинакви правила, со обзир на тоа дека за нив е предвидена да се одржи и Мала Македонска Математичка ОЛИМПИЈАДА 2023.

  1. На Вториот КРУГ НА КЕНГУР се примаат ученици кои ИСКЛУЧИВО БИЛЕ НА ПРВИОТ КРУГ НА КЕНГУР. Други ученици НЕМААТ ПРАВО ДА УЧЕСТВУВААТ на овој натпревар и нема да бидат примнати. Натпреварот се одржува 30-45 дена после 23.03.2023 година.
  2. Учеството на вториот круг се врши на два начини. Првиот начин е според пласманот на учениците на првиот круг на КЕНГУР. Тоа е натпреварот кој се одржува на 23.03.2023 година. Списоците ги подготвува БОРДОТ на Кенгур. Вториот начин е следниот: ако тој број на ученици не е доволен(избрани според првиот начин на избор), ние ќе примаме и други деца чии родители се грижат за своите деца, кое е сосема оправдано од нивна страна(оваа мерка е иста како и мерката која се спроведе и минатата година), но тие мора да се пријават на повикот кој ќе биде објавен од наша страна.
  3. Ако некое школо, или регион има доволен број на ученици, тогаш заради возраста на учениците се дозволува натпреварот да се одржи и во нивното училиште(како што беше и минатата година-државниот натпревар се одржа на три места).  
  4. Уплатата за сите деца е 350 денари. Од тие средства 250 денари се уплатуваат на сметката на Армаганка, а 100 денари ги задржува наставникот/школото и се за локална организација на настаниците кои ги организираат децата за овој натпревар(сепак тоа за нив е проследено со низа трошоци кои некој мора да ги подмири).
  5. Од постигнатите резултати на Вториот круг на Кенгур се одбираат деца кои ќе учествуваат на МММО 2023 година (Мала Македонска Математичка Олимпијада).
  6. Од списоците на МММО 2023, според пласманот се одбираат деца кои ќе учествуваат на една МЕЃУНАРОДНА МАТЕМАТИЧКА ОЛИМПИЈАДА. За точките 5 и 6 одлучува Бордот на Кенгур.

ВТОР КРУГ НА КЕНГУР за УЧЕНИЦИТЕ ОД ШЕСТО до Четврта ГОДИНА СРЕДНО

За овие ученици важат истите правила како и минатата година. За тие ученици важат токите од 1 до 4 од овој допис.

Со овие наши чекори нашите најмали ученици се доведуваат барем до приближна образовна ситуација со децата од земјите чии државни апарати широко финансираат во својата младина(САД, КИНА РУСИЈА, ИРАН, ЕВРОПА....). Тука пред се мислиме на финасирање на МАТЕМАТИКАТА. Со пропуштање на овие натпревари за учениците од најмала возраст, не може да се очекува вашето дете да оди напред во својот живот и да биде на исто рамниште со децата од најбогатите земји.  

Со почит

Борд за Кенгур 2023