ИРАНСКА ГЕОМЕТРИСКА ОЛИМПИЈАДА 2022

ПОЧИТУВАНИ 

На ден 14.10.2022 година во Скопје, во просториите на МАШИНСКИОТ ФАКУЛТЕЕ се одржа редовната Иранска геметриска олимпијада 2022. Во убави услови, одредени до домаќинот Машински факултет, учествуваа 4 натпреварувачи. На истата освоивме две медаљи и тоа две ЈАКИ СРЕБРЕНИ МЕДАЉИ. Истите ги освоија 

    1. Алексиј Тасиќ

    2. Михаела Смилевска

Можеме да жалиме за неосвоениот бронзен медал на Никола Цветановски( за само еден поен не освои бронзен медал), како и за неосвоениот медал на Андреј Тасиќ(најмладиот учесник од Македонија на ова натпреварување). Мора да напоменеме дека и покрај малиот број на учесници, ние пред светот се претставивме преку овие наши ОЛИМПИЦИ-херои во вистинска смисла на зборот. Да напоменеме дека бројот на рангирани ученици е многу мал, што е изненадување од страна на организаторот. Од преку 6000 учесници, рангирани се околу 730. Но и во тој случај, нашиот пласман е феноменален.

Со почит

Борд на Армаганка за олимпијади.