X симпозиум по ДИФЕРЕНЦИЈАНИ равенки, АНАЛИЗА И ПРИМЕНИ, II Конгрес по АНАЛИЗА, ДИФЕРЕНЦИЈАЛНИ РАВЕНКИ И ПРИМЕНИ

ПОЧИТУВАНИ МАТЕМАТИЧАРИ и ПОЧИТУВАНИ ГРАЃАНИ

Ве известувам дека се одржа X симпозиум по Диференцијани равенки, Анализа и примени, кој во исто време е и II  Конгрес по Анализа, Диференцијани равенки и ПРИМЕНИ, 25.09.2022-28.09.2022 година. Генерално што да се каже. Мал настан,но 

ИМПРЕСИВЕН

пред се по својата по својата содржина(тоа ако не се види не може да се појми), односот на колегите кон математиката, односнот на вработените во МАТРОПОЛ ЛАКЕ РЕСОРТ. Беше мал настан но како да имаше 300 учесници. Како и да се движиш секаде ги имаше тие 50-тина присутни на овај настан. Не можеме да ги заборави, АКАДЕМИК СТЕВАН ПИЛИПОВИЌ, Академик САВА ГРОЗДЕВ, колегите од Бугарија, колегите од Србија, колегите од БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА и колегите од Албанија.ВО исто време не може да се заборават и македонските колеги, РИСТО, КОСТАДИН, ПАВЕЛ, ДАНИЕЛ, ТОМИ, како и ПЕРФЕКТНИТЕ КОЛЕГИ ОД УГД, од ШТИП кои беа генерално едни од носечките на оваа манифестација по многиу основи. Јас не сум сретнал КОНГРЕС на кој се присутни 30-40 научници, кои со својот однос оставија траен белег на овој настан. На секое излагање, кое ретко кое беше од 25 минути(максимално време на одржување-сите беа подолги), сесиите од кое секоја далеку го надмина времето на одржување(дури и последната декада-сесија која мене ќе ми остане во длабоко сеќавање), и на крај ПРИСУТНОСТА НА ЛУЃЕТО НА ОВИЕ ПРЕДАВАЊА-импресивна. Секое излагање беше максимално ПОСЕТЕНО. Нека им е на чест на сите присутни на оваа манифестација. Сепак мораме да зажалиме што не беа присутни најголем дел од колегите од МАКЕДОНИЈА(освен охридските колеги кои во целост ме изненадија), кои секако ќе дадеа силен импулс на развојот на оваа наука во нашата земја МАКЕДОНИЈА. 

Со почит

Бордот на АРМАГАНКА