II конгрес по Анализа и диференцијални равенки и примени и X Симпозиум по диференцијални равенки
ПОЧИТУВАНИ КОЛЕГИ,ПОЧИТУВАНИ ГРАЃАНИ НА НАШАТА ДРЖАВА
Веизвестуваме дека во деновите од 25.09.2022 година до 28.09.2022 година во Охрид, се одржува Вториот конгрес по анализа и диференцијални равенки и ПРИМЕНИ, кој во исто време е и Десетти Симпозиум по Диференцијални равенки. Добро е што ја одржуваме традицијата која веќе и не е така кратка, и настанот ќе се одржи во вообичаениот термин. Во прилог е писмото ВТОРО СООПШТЕНИЕ за овој настан.
Како и секогаш во нашата историја, времињата се бурни, придвижувањата се секогаш максимални, но тоа никогаш па ни сега не смее да не спречува, да во земја како што е МАКЕДОНИЈА се одржуваат вакви настани. Движењата во нашата математика се максимално големи, па сите тие придвижувања, од кои некои се позитивни а некои се негативни, треба да се само мотив да вие учествувате на оваа манифестација. Посебно ги повикувам професорите(од основното и средното образование) од нашата држава да земат што помасовно учество на овај традиционален настан.
Да напоменеме дека според во овој момент бројотна пријавени кандидати од странство е задоволителен, што конгресот го прави МЕЃУНАРОДЕН и ние го прогласуваме за меѓународен.
Наскоро на сајтот www.kongres.org.mk ќе има поставено дел за регистрација на конгресот. Вашите меилови со апстракти за вашите испраќајте ги на адресата