ПОДИГНУВАЊЕ НА ДИПЛОМИ и МЕДАЉИ

ПОЧИТУВАНИ

Дојде време на годишни одмори. На сите им посакувам пријатен годишен одмор, евентуален убав престој во некое од нашите летувалишта. Но како и секоја година и оваа година останаа дел од медаљите и дипломите кои не се подигнати. Секако дека тоа се премногу малку и дипломи и медаљи во однос на тоа што до сега се подигна. Но како и секоја друга работа и оваа мора да се доведе до крај, и ќе ја сметаме за завршена во оној момент кога ќе нема ниту дипломи ниту медаљи за подигање. Преостанатите дипломи како и медаљи, може да се подигнат од Машински факултет-Скопје. Неподигнатите дипломи и медаљи ќе можете да ги подигнете во ден кој ќе биде дополнително определен во периодот од 25.08.2022 година до 31.08.2022 година (некој ден од тие 6 дена). Секој ќе мора да дојде и индивидуално, или со сопствен претставник истите да ги подигне. Лицето кое ќе ги подигне медаљите и дипломите со себе мора да има лична карта и истиот да се евидентира преку давање на изјава за подигање на истите.

Во исто време ќе се подигнуваат и МЕДАЉИТЕ И ДИПЛОМИТЕ ОД МММО 2022. 

Уште еднаш пријатен одмор на сите. 

Со почит

Борд на Армаганка за натпревари