ФИНАЛЕН МАТЕМАТИЧКИ КУП 2022 и ИРАНСКА ГЕОМЕТРИСКА ОЛИМПИЈАДА 2022

ПОЧИТУВАНИ

Помина една година натпревари. Не можеме да кажеме дека сме задоволни до бескрај, но тоа е година во која полека се ослободивме од вирусот COVID 19, и во тие услови освоивме вкупно 32 медаљи, не сметајќи ги оние од Медитеранска математичка олимпијада. Во секој случај, имајќи предвид се, можеме да бидеме задоволни. Во истата година одржавме и низа други настани, вклучувајќи пред се одржување на натпреварот КЕНГУР 2022 кој полека се враќа на старите стази. Се постигнаа во неговото постоење во Македонија најдобри резултати до сега. Се одржи и вториот круг на Кенгур 2022, кој за учениците од 1-5 одделение беше и Државен натпревар. Сепак за тие мали деца тоа беше Државен натпревар на комплетно нови задачи, сите од меѓународен карактер. Секако дека тоа не е баш едноставно. На крај се одржа и ПРЕКРАСНА МАЛА МАКЕДОНСКА МАТЕМАТИЧКА ОЛИМПИЈАДА за ученици од 1-5 одделение. Се одржа на задачи од ИСКЛУЧИВО МЕЃУНАРОДЕН КАРАКТЕР. Мал број на деца, во прекрасна атмосфера на Машинкскиот факултет во Скопје (голема благодарност до вработените на тој факултет за укажаната доверба и условите кои ни ги пружија). Во услови генерирани од пред се од наши колеги, тоа беше голем успех од наша страна, а секако за тие мали деца одличен успех. Ќе се погрижиме сите да земат учество на некоја меѓународна математичка олимпијада за нивна возраст. Со тоа и заврши оваа учебна година. На сите им посакуваме ПРИЈАТЕН ГОДИШЕН ОДМОР. Соберете сили за наредната година, која би требало да е барем малку полесна и за вас и за нас. 

Во оваа прилика ве покануваме на 

ФИНАЛЕН МАТЕМАТИЧКИ КУП 2022  (дена на одржување 30.09.2022)

пријава за FMC види тука

и на 

ИРАНСКА ГЕОМЕТРИСКА ОЛИМИЈАДА. 2022 (ден на одржување 15.10.2022)

пријава за ИГО види тука

Првата олимпијада  ќе се одржи на 30.09.2022 година а втората олимпијада ќе се одржи на 15.10.2022 година. За евентуални промени на одржувае на овие настани на време ќе ве информираме преку овој сајт за вести. Сепак учеството на вакви реномирани натпревари е пред се чест за секој учесник, а за постигнатите резултати и нивните последици и да не си споменуваме. Начин на пријавување како и секоја година претходно. 

Убави поздрави 

Борд за олимпијади при АРМАГАНКА