МЕДИТЕРАНСКА МАТЕМАТИЧКА ОЛИМПИЈАДА 2022 и МАЛА МАКЕДОНСКА МАТЕМАТИЧКА ОЛИМПИЈАДА 2022

ПОЧИТУВАНИ

Денеска, како во ниту еден ден во нашата земја МАКЕДОНИЈА, се одржаа два импознатни настани. Едниот МАЛА МАКЕДОНСКА МАТЕМАТИЧКА ОЛИМПИЈАДА 2022 а другиот Медитеранска математичка олимпијада 2022. 

Мала МАКЕДОНСКА МАТЕМАТИЧКА ОЛИМПИЈАДА 2022, за деца од прво до петто одделение. Импознатноста на настанот и учеството на учениците е во нивната ХРАБРОСТ, ДИСЦИПЛИНА, КОРЕКТНОСТ и се што може да се каже убаво за него. Требаше да се погледнат тие дисциплинирани ученици, кои беа во значителен број(преку 60 од нашиот образовен систем), нивната работа, борбеност., нивното цивилизациско ниво и високо воспитание Високо цивилизациско достигнување во Европа и светот. Зошто во Европа и светот. Па ние правиме во цела Европа и во целиот свет, први ваков настан МММО 2022. Фамилии на децата, вие сте бескрајно храбри, за што ние од АРМАГАНКА посебно сме задоволни и ви благодариме на учеството на вашите деца. Изборот на задачите беше на највисоко можно цивилизациско ниво. Беа испочитувани, од нашите активисти, сите ПЕДАГОШКО-ПСИХОЛОШКИ норми, сите ОБРАЗОВНИ СТАНДАРДИ за учениците од таа возраст, кое не е така лесно да се направи. Со еден збор, беа испочитувани сите норми кои се пропишани на оваа страна во делот НАСТАВНИ ПРОГРАМИ. На раководството на Машинскиот факултет Скопје мораме да им се заблагодариме за подржката која ја имавме за овој настан да се одржи. Сепак обезбедија максимални услови тоа да се случи. На крај, резултати од овој настан, ќе бидат објавени во текот на летото, во не долг временски период. Наградите ќе ги добиете на крајот на АВГУСТ МЕСЕЦ. Можете сега да одите на заслужен годишен одмор сите кои бевте дел од оваа манифестација од овој за нас библиски настан. 

Медитеранска математичка олимпијада 2022. Настан кој за нас беше многу значаен. Осум ученици, од пријавени десет зедоа учество на оваа манифестација. ПОсветеноста на учениците на оваа манифестација зборуваше за сериозноста на истата. За истиот за брзо време ќе имаме конечни резултати, за што ќе бидете на време известени. 

Со почит

Борд на Армаганка за олимпијади