Оваа вест се однесува на сите учесници на натпреварот Кенгур 2022. Нашите соседи на исток, Република Бугарија организира летен математички камп КЕНГУР 2022. Од нивна страна сме поканети да земеме учество на оваа нивна манифестација. Нашата држава, една година учествуваше на оваа манифестација. Нашите соседи се покажаа целосно парламентарни и целосно ги испочитуваа сите меѓународни стандарди во однос на нас. Кампот, во таа година им беше добро организиран, и децата од нашата држава си поминаа убаво.
Кампот, за секое наше дете треба да биде платен ЛИЧНО, како и транспортот до местото на одржување на кампот. Цената е 290+30=320 евра за секој учесник. Средствата ги уплаќате вие на сметката на АРМАГАНКА. Потоа ние ќе уплатиме групно на сметката на организаторот.
Сите заинтересирани, слободно може да се пријават на меилот