Медитеранска математичка олимпијада 2022, второ соопштение

ПОЧИТУВАНИ ОЛИМПИЈЦИ

Завршија поголем дел од вашите олимпијади и ние ви ги честитаме вашите успеси на секоја од нив. Тоа се сепак ваши олимпијади. Олимпијадите кои ние ги организираме се со малку чуден карактер. На пример, имаме супер тешка олимпијада, и има поголем број на учесници(и убави резултати) од олимпијада која е релативно полесна, а има помал број на учесници. На крај, медаља е медаља, на било кој олимпијада да сте учествувале. Но како и да е, ние немаме намера да ви сугерираме дали вие да учествувате или не, сепак тоа е суверена одлука на секој од вас поединечно. На крај, се доведува во прашање и додлеувањето на одличјата кои ние ги доделуваме(плакети за учество на олимпијади). Како и да е, ние ве покануваме да земете учество на МЕДИТЕРАНСКА МАТЕМАТИЧКА ОЛИМПИЈАДА 2022(МеМО 2022). Сепак е тоа олимпијада која е убава(според мене најубава). При тоа, за оние кои не се пријвиле, ве поканувам да ја пополните соодветната пријава 

https://forms.gle/4JFn4scg2h1FJ474A

најкасно до 17.06.2022 година до 11:59 минути. Олимпијадата се одржува на 

18.06.2022 година(сабота)

Повелете на МеМО