Резултати ФИНАЛЕН КРУГ НА КЕНГУР 2022 и ПРВ ДРЖАВЕН НАТПРЕВАР за учениците од 1-5 ОДДЕЛЕНИЕ

ПОЧИТУВАНИ

Пред се ученици, со мало закаснување, од оправдани причини, ви ги презентираме резултатите од ФИНАЛНИОТ МАТЕМАТИЧКИ НАТПРЕВАР КЕНГУР 2022. Истиот за учениците од 1(прво)-5(одделение) е ПРВ ДРЖАВЕН НАТПРЕВАР ПО МАТЕМАТИКА за УЧЕНИЦИТЕ од 1-5 одделение. Резултатите од овој натпревар ја презентираат атмосферата во која истиот се одржа-со еден збор ИМПОЗНАТНА. Пред се не изненади вашата бројка која не беше мала(најголема од кога се одржува оваа манифестација). Да им се заблагодариме на низата професори, од кои некои не беа за жал присутни. Задачите на кои се натпреварувавте секако дека надминаа многу државни натпревари кои ние сме ги организирале и за поголеми ученици од вас(мислиме на оние од прво до петто одделение). Истите од прва до последна беа предлози кои биле во конкуренција за натпреварот Кенгур прв круг, но заради своето ниво не биле изгласани да бидат официјални натпреварувачки предлози. 

Да напоменеме дека беа испочитувани сите меѓународни норми за организирање на вакви натпревари. Натпревар, КООРДИНАЦИЈА за вашите одговори на задачите, конечни листи. 

Еден дел од вашите врсници не беа на овој настан, но тоа се нивни проблеми, и секако со тоа не може да се запостави ова ваше достигнување кое неприкосновено е од ВРВЕН КАРАКТЕР. Секако дека и тие имаат свое време, и во некоја наредна година ќе ни се придружат.  Секако дека во ваква ситуација, просудете сами, се одлучивме сите натпреварувачи да добијат награда. 

Резултати од Првиот државен натпревар-финален круг на КЕНГУР 2022

прво одделение                      види тука

второ и трето одделение       види тука

четврто и петто одделение    види тука

Резултати од Финалниот круг на Кенгур 2022

шесто и седмо одделение      види тука

осмо и деветто одделение     види тука

прва и втора година                види тука(ве замолуваме да се воздржите од прашања по e-mail; ќе бидат објавени)

трета и четврта година           види тука(ве замолуваме да се воздржите од прашања по e-mail; ќе бидат објавени)

За сите ученици, спцијално за оние за кои ова не беше државен натпревар, ќе ви посочиме дека сте ја направиле најдобрата работа која може да се направи. Истото е силна потврда дека сте на прав пат во вашите избори за избор на вашето професионално ориентирање во иднина. 

Поделбата на МЕДАЉИТЕ ЌЕ БИДЕ ВО ПОСЕБЕН ЗАКАЖАН ТЕРМИН ЗА КОЈ ПОСЕБНО ЌЕ ВЕ ИЗВЕСТИМЕ

Дополнение на веста: Иако нема голем проблем со точните одговори поврзани со натпреварот ФИНАЛЕН КРУГ НА КЕНГУР, за секоја евентуалност го објавуваме списокот на точни одговори по кои се изврши бодувањето на учениците:

точни одговори:      види тука

Со почит

Борд на Армаганка за КЕНГУР 2022