Финален круг на КЕНГУР 2022, Прв Државен натпревар по математика за учениците од 1-5 одделение
Почитувани ученици, родители, КОЛЕГИ,
Ве известуваме дека ФИНАЛНИОТ КРУГ НА КЕНГУР 2022 и Првтио државен натпревар по математика за учениците од 1-5 одделение ќе се одржи на
08.05.2022 година со почеток во 09:00 часот на Машински факултет Скопје
Се замолуваат сите инволвирани во овој настан во 09:00 да бидат присутни на бараната локација. Истите услови важат и за другите локации на кои овој настан се одржува-спроведува. Ви посакуваме пријатни моменти и работа пред овој настан на сите кои учествувате. Дојдете што поподготвени и изберете свое место на МММО 2022 година која ќе се одржи на почетокот на наредниот месец-настан на кој се обезбедува место во државниот тим-репрезентација за учество на меѓународна олимпијада.