ПРВ ДРЖАВЕН НАТПРЕВАР за учениците од прво до петто одделение
ПРВ ДРЖАВЕН НАТПРЕВАР ЗА УЧЕНИЦИТЕ ОД ПРВО ДО ПЕТТО ОДДЕЛЕНИЕ
Почитувани родители, директори, ментори на ученици и УЧЕНИЦИ
Ве известуваме дека натпреварот што ќе се одржи на 07.05.2022 и 08.05.2022 година за вас, т.е. за учениците од прво до петто одделение, е ПРВ ДРЖАВЕН НАТПРЕВАР. Натпреварот што ќе се спроведи, а е државен натпревар за посочените ученици, во суштина е ФИНАЛЕН КРУГ НА НАТПРЕВАРОТ КЕНГУР 2022 година. Целокупното натпреварување,посебно тежината на задачите, наградување поврзано со овој натпревар, доделување на одличја, е како за финален круг на кенгур кој веќе десетина години се спроведува во нашта земја, и на кој можда вие минатата година и сте учествувале. Натпреварот ќе се одржи со физичко присуство на Машински факултет-Скопје според распоред кој ќе се објави пред натпреварот. Пред се заради возраста на учениците од прво до петто одделение, посебно според бројката на пријавени ученици по региони, овој натпревар ќе се спроведе и на други локации за кои вие ќе бидете соодветно известени, а преговорите се во тек. Пријавувањето за овој натпреварв за сите ученици(од сите категории за натпреварот ФИНАЛЕН КРУГ ЗА КЕНГУР 2022), како и за учениците од прво до петто одделение е како во третата вест од овој сајт. Да напоменеме дека школите кои ќе се пријават за овој натпревар не треба да се пријавуваат индивидуално преку пополнување на пријава на сајт, туку исто како и за првиот круг за кенгур со соодветен список и пријава на меилот kangaroo.macedonia@gmail.com, на ист начин како и за првиот круг на КЕНГУР 2022.
Да напоменеме дека после одржувањето на овој натпревар ќе се врши избор на ученици за учество на Малата македонска математичка олимпијада(за ученици од прво до петто одделение), кој ќе се одржи после 30 дена од одржувањето на овој натпревар. По одржувањето на оваа олимпијада ќе се бира екипа за учество на една меѓународна математичка олимпијада наменета за ученици од прво до петто одделение. Бирањето на ученици не е исто како за олимпијадите од погорните одделенија, пред се по бројот на ученици(бројката е сепак голема). Изборот на ученици ќе се врши за секое одделение посебно, од прво до петто оддление(од секое одделение ист број на ученици). На меѓународната олимпијада учениците се натпреваруваат за секое одделение посебно, т.е. за секое одделение тестирање на посебни задачи за соодветното одделение. На меѓународната олимпијада не се патува, туку ќе се спроведи во некој македонски град, под патронажа(избор на задачи, време на одржување и рангирање) на меѓунаорден борд за таа олимпијада.
Линкот за ИНДИВИДУАЛНО ПРИЈАВУВАЊЕ НА НАТПРЕВАРОТ во наредните денови ќе бид поставен во оваа вест. Ве замолуваме за внимание и трпение.