ДИСТРИБУЦИЈА НА МАТЕРИЈАЛИТЕ ОД КЕНГУР 2022-ЗАВРШЕТОК НА ПРВИОТ КРУГ НА КЕНГУР

Почитувани колеги

Ве известуваме дека на ден 20.04.2022 година и формално заврши првиот круг на меѓународниот натпревар КЕНГУР 2022. Се дистрибираа материјалите за КЕНГУР 2022 преку пошта, освен за три училишта од градот Скопје(од ОУ Невена георгиева Дуња, ОУ 26 јули и ОУ Кирил и Методиј-Кучевиште, од оправдани причини; материјалите соодветно ќе им бидат доставени на овие три школи).

Се повикуваат училиштата и одговорните наставници од училиштата кои се пријавиле и учествувале на натпреварот да ги подигнат материјалите од своите пошти.

Од одреден број на училишта кои имаа индивидуални натпреварувачи се испратени пакети по пошта. Ги замолуваме соодветните органи да извршат подигнување на материјалите од пошта и да ги поделат на соодветните свои ученици. Истите ученици кои се пријавиле и учествувале индивидуално на натпреварот, а е испратен пакет до школите ќе бидат известени за подигањето на материјалите.

Останатите натпреварувачи, кои се поединечните натпреварувачи, т.е. кои се пријавија и учествуваа индивидуално на натпреварот се повикуваат на 26.04.2022 година(вторник) на Машински факултет-Скопје да дојдат и да ги подигнат своите дипломи и награди. Подигањето на материјалите од Машински факултет-Скопје е во периодот од 12:00 часот до 14:00 часот. 

Дополнителни информации за натпреварот и материјалите секогаш барајте на овој сајт. 

Со почит

Борд на Армаганка за Кенгур 2022