Ученици, Директори, Ментори, Предметни наставници, Педагози и Родители
На почеток да изразиме благодарност на вашиот одзив на овој натпревар. Мораме да кажеме дека тој се одржа со физичко присуство, што секако многу значи за неговата верододстојност. Нашите ДИРЕКТОРИ, ПЕДАГОЗИ, МЕНТОРИ, РОДИТЕЛИ, УЧЕНИЦИ докажаа дека ние имаме образовен систем кој може да се мери со други образовни системи, па и во високо развиените земји. Општ е впечатокот дека органите кои се дел од овој процес(индиректно), сепак треба да си најдат начин овие вредни субјекти да ги наградат на свој начин. Тие тоа го заслужуваат во овој момент.
Мораме да кажеме дека сме изненадени од бројноста на учениците кои зедоа учество на истиот(бројката не ја објавуваме од за вас оправдани причини). Сепак тоа не го очекуваваме. Причините се COVID 19 и други разноразни причини. Во прилог се резултатите од натпреварот, на кој вредно е да се напомене дека се спроведоа ИМО критериуми на оценување, секако ригорозни за вас.
Во овој момент некои од учесниците нема да се најдат на овие списоци(специјално ако некои ученици ги нема, тоа е мал број од оние кои индивидуално се пријавиле; истите по направените проверки ќе бидат додадени на списоците и ќе име се доделат одличја за овој настан). Но тоа како за нив така и за сите други учесници не значи ништо. Овие награди си се награди кои вие ги заслуживте. Ние организираме втор круг на КЕНГУР кој е
ПОТПОЛНО НЕЗАВИСЕН ОД ПРВИОТ КРУГ НА КЕНГУР
На истиот можете НАЈСЛОБОДНО ДА СЕ ПРИЈАВИТЕ СИТЕ КОИ СМЕТАТЕ ДЕКА САКАТЕ ДА СЕ НАТПРЕВАРУВАТЕ од најразноразни причини. На тој натпревар ќе се делат секако и медаљи за освоени места.