ВТОР КРУГ НА МЕЃУНАРОДНИОТ МАТЕМАТИЧКИ НАТПРЕВАР КЕНГУР 2022 и МАЛА МАКЕДОНСКА МАТЕМАТИЧКА ОЛИМПИЈАДА 2022
Почиутвани Директори, почитувани професори, почитувани родители
Ве известуваме дека како и секоја година, така и оваа година во нашата држава ќе се одржи Втор круг на меѓунаордниот математички натпревар КЕНГУР 2022. Да забележиме дека овој натпревар како и првиот круг на Кенгур 2022, има изборен карактер. Учесници на Мала Македонска Математичка олимпијада 2022 може да бидат само ученици кои учествувале на првиот круг(кој веќе се одржа) или на вториот круг на натпреварот Кенгур 2022. Малата македонска математичка олимпијада 2022 се одржува за учениците од ПРВО до ПЕТТО одделение во оваа учебна година.
За учесниците на Вториот круг на натпреварот Кенгур 2022 кои се ученици од ПРВО до ПЕТТО одделение во суштина е ДРЖАВЕН НАТПРЕВАР 2022. Од овие ученици(од вториот круг на меѓународниот математички натпревар Кенгур 2022) како и дополнително од учениците од првиот круг на Меѓународниот математички натпревар Кенгур 2022 ќе се одбираат учениците(од ПРВО до ПЕТТО одделение) кои ќе учествуваат на Малата македонска математичка олимпијада 2022(МММО 2022). Покрај другите карактеристики, кои се стандардни за олимпијада, на истата ќе се врши избор за учество на една меѓународна математичка олимпијада во наредната 2022.
За останатите ученици од ШЕСТО одделение до ЧЕТВРТА година тоа е обичен Втор круг на меѓународниот математички натпревар КЕНГУР 2022, кој како и секоја година се одржува кај нас во Македонија. За истиот ЗА СИТЕ УЧЕНИЦИ од ПРВО одделение до ЧЕТВРТА година се доделуваат сертификати и ДИПЛОМИ со МЕДАЉИ како и минатата година.
Натпреварот ќе се одржи во деновите 07.05.2022 година или 08.05.2022 година. За ова дополнително ќе ве известиме преку овој сајт. Натпреварот е со ФИЗИЧКО ПРИСУСТВО. Доколку настанат проблеми со физичко одржување на натпреварот(дополнителен развој на болеста COVID 19 или било кој друг проблем кој спречува одржување на натпревар со физичко присуство) истиот ќе се одржи on-line. Исто така дополнително ќе ве известиме каде ќе се одржи натпреварот во текот на месец април. Цената за учество на овој натпревар е
-250 денари за учениците кои учествувале на првиот круг на Меѓунаордниот математички натпревар КЕНГУР 2022
-450 денари за учениците кои не учествувале на првиот круг на Меѓународниот математички натпревар КЕенгур 2022.
И оваа година на овој натпревар може да учествуваат ученици кои сами ќе се пријават на натпреварот. Средствата се уплаќаат како и за првиот круг на Кенгур. Како и за првиот круг на Кенгур има два вида на пријавување за натпреварот:
1. Индивидуална пријава на учениците(исто како и во првиот круг на Кенгур; наскоро ќе биде поставен линк за пријавување на натпреваорт-ве замолуваме да почекате неколку дена)
2. Групна пријава на натпреварот (исто како и на првиот круг на Кенгур 2022; пријавува професор од училиштето)
Ученици кои на натпреварот се пријавиле групно(преку професор од училиште) НЕМА ПОТРЕБА ДА СЕ ПРИЈАВУВААТ ИНДИВИДУАЛНО.