ОФМА 2022 (Олимпијада по финансиска математика и актуарство 2022)
Почитувани колеги
Ве зивестуваме дека на ден 28.02.2022 година се одржа 6-тата по ред Олимпијада по финасиска математика и актуарство 2022 (ОФМА 2022). На истата зедоа учество 24 деца од неколку школи во нашата држава, како и поединци. Пред се да им се заблагодариме на нивниот ангажман, пожртвуваност во текот на одржување на истата, и пред се на ПРЕКРАСНИТЕ РЕЗУЛТАТИ кои ги постигнаа. Полека но сигурно, ова е олимпијада зазема се позначајно место во нашата држава. Се повикуваат и останатите школи да земат учество на истата и да се направи таа да биде една од престижните олимпијади во нашата земја, како што е во многу земји од светот. Да ги причекаме и резултатите и да го видиме пласманот на нашата мала земја на овој престижен натпревар.