Денеска во нашата држава се одигра несекојдневен настан. Денеска се одржа меѓународниот натпревар КЕНГУР 2022. Нашите мали ученици покажаа невидена големина. Нивните професори, нивните школи, нивните ментори, нивните ДИРЕКТОРИ, нивните ПЕДАГОЗИ, нивните ПСИХОЛОЗИ, нивните родители прегазија се што е негативно напишано за нашиот образовен систем во светскм рамки. Просто, имаше невидена ПОСВЕТНОСТ, ГРИЖА во се она што го правеа. Денеска просто доминираше нашата македонска мултиетничност. Албанци, Македонци, Турци, Срби и сите останати покажаа дека во нашата земја живее ЕВРОПА. Дали се важни резултатите од овој натпревар. Просто не. За нас, просто за мене, беше ЧЕСТ да присуствувам на овој настан, а резултатите не се ни важни. Јас не очекував дека ваков натпревар воопшто може да се организира во нашта земја.
Грижата на ПЕДАГОЗИТЕ и ДИРЕКТОРИТЕ на училиштата беше просто бескрајна...мораме да им се заблагодариме од се срце за се што направија и се што покажаа на овој настан. Некој може да потроши и милијарди евра и долари, но душата на сите инволвирани во овој настан не можат да го купат.
На крај, да им се заблагодарам на сите инволвирани во овој настан. Просто, продолжете по патот по кој сте тргнале. Јас во моето долгогодишно искуство не сум доживеал ваков настан и ваков хепиенд. Можда најдобро одржаните собири од ваков тип во минатото можат да се мерат со големината со она што се случи на ден денешен 24.03.2022 година.
На крај ве замолувам, на овој настан и на овој допис не му давајте политички димензии. Немојте никако да го извалкате. Просто оставете нека сите кои беа дел од него нека живеат со него, и просто нека уживаат во тоа што го направија. Деца, иднината е ваша, не запирајте, просто продолжете во она што сте го отпочнале заедно со вашите родители и професори и на крај ДИРЕКТОРИ.
Со почит
Бордот на Армаганка за КЕНГУР 2022
Алекса Малчески, претседател на Бордот на армаганка за Кенгур 2022