Поголем број од вас се јавуваат и поставуваат поголем број на прашања. Овде ќе дадеме одговор на некои од нив(јавувањето по телефон не е проблем; направете го тоа БЕЗ ДВОУМЕЊЕ, ЈАВЕТЕ СЕ; не губете денови за нешто што може да се реши со еден разговор).
1. ПРИЈАВУВАЊЕТО ЗА КЕНГУР Е ДО 19.03.2022 година до 12:00 часот(не до 24:00). Имате доволно време да ги направите сите подготовки така како што треба. Ако имате било каква нејаснотија, без двоумење јавете се на телфон
078428820
и информирајте се.Ние ќе се јавиме во секое време.
2. ПМЗ Армаганка препорачува целосно да се почитува ПРОТОКОЛОТ за Кенгур 2022. Со други зборови, така како што вие мислите, така направете го КЕнгур 2022. Секако дека тоа ќе придонесе за да нема нови заболени од COVID 19 а причина да е Кенгур 2022.
3. Списоците за Кенгур направете ги како што е во подолната вест (види вест КОРИСНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА КЕНГУР 2022). Тоа ќе рпидонесе за да брза обработка на сите податоци и резултатите да бидат брзи. ШКОЛИТЕ кои се пријавуваат за Кенгур 2022 да не се пријавуваат според веста КОРИСНИ ИНФОРМАЦИИ за КЕНГУР 2022, точка 4.Листа со податоци на учесниците на Кенгур 2022. Истите школи да направат списоци за учество на кенгур и да ги испратат заедно со уплатницата од банка на адреса kangaroo.macedonia@gmail.com. Со други зборови пријавувањто да го направат како што тоа се правеше порано, т.е. во минатите години.
4. Уплатата за Кенгур 2022 е на тој начин како што е прикажано во истата вест(види вест КОРИСНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА КЕНГУР 2022).