ПРОТОКОЛ ЗА on-line НАТПРЕВАР ЗА КЕНГУР 2022 година
Почитувани директори, колеги, ученици
До натпреварот Кенгур 2022 има уште достра денови, но добро е некои работи да се уточнат пред време, т.е. да бидат кажани на време. Покрај низата погодности за УЧЕНИЦИТЕ ОД ОДДЕЛЕНСКА НАСТАВА КОИ НЕ Е ДОБРО ДА СЕ ЗАНЕМАРАТ ако се имаат предвид искуствата по светот, посебно во високоразвиените земји(видете допис МММО 2022-во вестите подолу), сепак сме должни и да определиме и протокол за одржување на овој натпревар. Протоколот е убаво внимателно да го прочитате, и во него се содржат редица од податоци за тоа како треба да се одвива натпреварот на 24.03.2022 година.