MMMO 2022 и ново СПИСАНИЕ во основното образование

Почитувани

Секоја новост,посебно кога тоа е олимпијада пред тие што треба да се корисници на тој производ остава доста недоразбирања. Целта на оваа вест е тоа се надмине. Веднаш да напоменеме дека овде ќе направиме, без избор на задачи, една презентација на тестовите кои ќе бидат на МММО 2022. 

тестови за МММО 2022    види тука

Како што кажавме и во претходните вести, така и ќе се постапи. Изгледот на тестовите ќе биде како што е во урнекот прикажан овде. 

НОВО СПИСАНИЕ

секој натпревар, па и ако е тоа олимпијада убаво е, барем во македонски услови да биде поткрепен со списание за децата. Така Бордот на Армаганка одлучи да покрене издавање на списание//весник за овој натпревар и воопшто за наставата по математика и можда некои други предмети кои децата ги слушаат а се гранични со математика. Името на списанието е КЕНГУРКО.  Списанието воглавно ќе биде составено од активности кои се актуелни за децата, како кенгур прв круг, кенгур втор круг, московска математичка олимпијада, ваши страници-тестови кои ќе ги добиваме од вас и ќе се објавуваат во списанието(до 12 страни), математички четива, многу занимливости, и редица други интересни содржини.... Во однос на четивата кои вие ќе ги доставувате или ќе ги изработува некој од нас, ќе има два дела во секој број(тоа е како додаток на списанието-еден дел тестови од прво до трето одделение и го примаат учениците од прво до трето одделение, а вториот дел за четврто и петто одделение и го примаат учениците од четврто и петто одделение). Воглавно ќе биде препокриена наставата која вие ја одржувате во модерни правци на развој. Секако дека тоа е списани за вас, па добро е и вие да се вклучите во неговата работа(наставниците од прво до петто одделение). 

До овој момент толку за списанието, очекувајте наскоро број во електронска форма на оваа страна. 

РАБОТНИ МАТЕРИЈАЛИ

На оваа страна имате наставни програми за работа со надарени ученици. Воглавно тие се и во најголем дел од вашите програми по кои работите. Истите програми, т.е. во делот во кој се преклопуваат со вашите програми се и теми за натпреварот. Работни материјали има во делот Меѓународен натпревар Кенгур и во делот Московска математичка олимпијада. Истите се доволни за припрема на вашите ученици, вашите деца за овие натпревари. 

Со почит 

Борд за олимпијади при Армаганка